ОПШТИ
www.zdrava-nasmevka.mk е интернет продавница со производи за одрална хигиена и корисни помошни средства за здрава насмевка на децата и возрасните. Со самиот пристап на www.zdrava-nasmevka.mk и при нарачка на производот, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија. ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
При првото купување е потребно да се пополни регистрационен формулар, каде се добива корисничко име и лозинка, со кои при секоја посета на интернет продавницата пристапувате на Вашиот личен профил.
Купувачи можат да бидат сите полнолетни лица кои живеат во Република Северна Македонија и кои ги прифаќаат нашите услови, кои се потврдени со нарачување на производот. Малолетници и целосно или делумно онеспособени лица може да нарачуваат производи само во согласност на својот правен застапник.
Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ (18%).
Испораката се врши на територијата на Република Северна Македонија.
ИСПОРАКА
Во моментот на примање на нарачката, корисникот ќе биде известен по електронски пат преку маил дека нарачката е примена или дека производот е нарачан. Ако нарачаниот производ не е достапен во моментот, ќе го известиме корисникот за тоа како и во кој временскиот период тој би бил достапен. Ќе се потрудиме сите производи кои се порачани да бидат испорачани во едно(наеднаш). Доколку тоа биде невозможно, го задржуваме правото испораката да ја извршиме на неколку пати. Ако производите од една нарачка се испорачани на неколку пати, купувачот ќе ги плати трошоците само за една испорака.
ДОСТАВА
Производите ќе Ви бидат доставени преку служба за доставување. Испораката е во рок од 5 работни денови од датумот на нарачката. Во моментот кога ќе биде доставена нарачката, ќе се смета и дека испораката е завршена.
Нарачката на купувачот ќе биде доставена на адресата на достава наведена при нарачката. Во случај на отсуство на купувачот за време на доставата, производот може да биде преземен од друго лице (полнолетен член на семејството или овластено лице од страна на регистрираниот корисник), со приложување на соодветен документ за идентификација или службата за доставување ќе остави известување за пристигната пратка. Доколку купувачот не ја преземе пратката во рок од три дена, целосниот износ ќе му биде вратен, а трошоците за испорака ќе ги сноси тој.
Купувачот е должен да изврши преглед на примената пратка веднаш при доставувањето на истата, и да ги пријави видливите оштетувања при транспортот директно на доставувачот и да одбие да ја прими пратката. Со потпишување на документот за испорака купувачот потврдува дека го проверил производот кој го прима. Доколку купувачот одбие да ја прими нарачката поради видливо оштетување на пакетот, должен е да пополни формулар, и да му прати жалба по пат на маил на продавачот и изјава за тоа дали сака повторна испорака или враќање на средствата. По примената жалба продавачот е должен во рок од 5 дена да му одговори на купувачот дали ќе му испорача нов проивод без дополнителни прошоци или парите ќе бидат вратени.
Доколку купувачот не ја подигне нарачката без никаква причина, продавачот ги задржува правата да побара надокнада на трошоците.
Нарачаните производи остануваат во сопственост на Интердентал дооел Скопје се додека не се изврши уплата на целосниот износ на производот.
ЦЕНИ
Цените на производите се изразени во денари со вклучен 18% ДДВ.
Цената изразена на крај на нарачката е конечната вкупна цена со вклучен данок.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
- За нарачки со вредност над 1.500,00 ден. – бесплатна достава
- За нарачки со вредност помала од 1.500,00 ден. – купувачот ја плаќа доставата
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
a) плаќање вирмански - преку банка
Купувачот ја плаќа нарачката вирмански - преку банка, следејќи го упатсвото за плаќање при правењето на нарачката. По направената уплата продавачот заедно со изготвената Фактура за направената нарачка, ја праќа нарачката во договорениот рок за испорака до купувачот. Ако нарачката е под 1.500,00 ден. трошоците за достава ги плаќа купувачот, а за нарачки над 1.500,00 не се плаќа цената на доставата. За повеќе информации јавете се секој работен ден од 08.00-16.00 часот, на тел.: 02 505 32 60.
б) плаќање при достава на нарачката
Купувачот го плаќа износот на нарачката во готово. Ако нарачката е под 1.500,00 ден. трошоците за достава ги плаќа купувачот, а за нарачки над 1.500,00 не се плаќа цената на доставата.
РЕКЛАМАЦИИ
Купувачот има право во рок од 15 дена од датумот на преземање на производот да го врати доколку не е задоволен. Известување за жалба поднесува на: contact@zdrava-nasmevka.mk. Купувачот мора да го врати производот во оригиналното пакување, неоштетен и непроменет во рок од пет дена од доставувањето на жалбата. Враќањето на робата е на следната адреса: Георги Поп Христов 2/2-1М 1000 Скопје.
Доколку продавачот утврди дека жалбата е оправдана и дека се исполнети горе наведените услови, тој ќе ги плати трошоците најкасно до 5 дена. Враќањето на средствата ќе биде извршено веднаш на сметката на купувачот. Ако купувачот, врз основа на оправдана жалба, побара замена на производот со нов, продавачот тоа ќе го направи во рок од 5 дена од денот на приемот на вратениот производ, а трошокот за повторно испраќање, продавачот може да го добие.
Ако недвосмислено се утврди дека жалбата за производот е неоправдана или дека дефектот на нарачаната ставка се должи на несоодветно ракување или употреба, продавачот не е должен да изврши рефундирање или да обезбеди производ за замена. Во овој случај, рекламниот производ ќе му биде вратен на клиентот на свој трошок со писмено образложение за причините за прифаќање на барањето за враќање или замена.
Доколку купувачот не го примил нарачаниот и платен производ, тој е должен да го пријави на продавачот во форма на известување за жалба во рок од 15 дена од денот на очекуваното пристигнување на нарачаниот производ. Продавачот е должен во овој рок да утврди што се случило со рекламираната испорака и да го информира купувачот за понатамошното решавање на жалбата.
Ако има грешка во пакувањето на нарачаниот производ, а купувачот не го примил нарачаниот производ, туку друг, тој мора да го пријави кај продавачот со известување за жалбата во рок од 15 дена од датумот на испорака. Во овој случај, купувачот дава погрешно доставен производ на сметка на продавачот кој е должен да го достави нарачаниот производ или да изврши наплата (во согласност со барањето на клиентот) во рок од 15 дена од приемот на погрешно доставениот производ.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www.zdrava-nasmevka.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
ОПШТО
ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.zdrava-nasmevka.mk се од информативен карактер. Сите спорови кои би можеле да се јават во врска со употреба на оваа веб продавница ќе бидат решени со взаемна согласност.