Оралниот туш Edel+White Flosserpik е нова генерација на апарат кој има за цел да ја подигне оралната хигиена на повисоко ниво. Со висока технологија, ефикасност и заштеда на време обезбедува долгорочно здрави заби и непца. Создава ефикасен, моќен и пулсирачки млаз на вода кој овозможува темелно отстранување на денталниот плак и од тешко достапните места во усната празнина.
Flosserpik Lighthouse покрај туширањето овозможува и четкање на забите со што заштедува и време доколку се користи редовно.
4 причини зошто ќе го засакате оралниот туш Edel White Flosserpik:
- 4 резервни продолжетоци
- Двојна функција: орално туширање и четкање
- Опција за масажа на непца
- Чистење околу имплантите, мостовите и брекетите на фиксните ортодонтски апарати
Класичен продолжеток | Продолжеток во форма на четка | Субгингивален продолжеток | Чистач за јазик |
За чистење помеѓу забите | со Konex HD® влакна за нежно четкање | за темелно чистење околу гингивалниот раб и пародонталните џебови | за темелна хигиена на јазикот |
Технички карактеристики:
- 4 резервни продолжетоци, вклучувајќи го и продолжетокот во форма на четка со ултра меки Konex HD® влакна и вибрации
- Контрола на притисокот и копче за пауза
- Максимален волумен на резервоарот од 600 ml.
- Напојување од 100–240 V AC | максимална потрошувачка на енергија од 18 W.
- Класа за заштита на вода IPX4 | модул за пренос на енергија IPX7.
- Гаранција.
- Десет години гарантирана достапност на продолжетоците.
Производител: Scanderra, Швајцарија
- Врвот на продолжетокот насочете го кон мијалникот и вклучете го апаратот.
- Одберете го посакуваниот режим на работа и свртете го копчето на рачката за да ја подесите и силината на млазот.(Ви препорачуваме да започнете со најслабиот млаз и постепено да го зголемувате според Вашите потреби).
- Наведнете се над мијалникот, насочете го продолжетокот кон забите, (затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода).
- Насочете го млазот на вода кон забите и непцата под агол од 90°.
- Одберете го посакуваниот режим на работа (чистење, масажа или свеж здив). Уредот автоматски ќе се исклучи после 3 минути користење, но може и да ги вклучите или исклучите и на соодветното копче.
Класичен продолжеток | Продолжеток во форма на четка | Субгингивален продолжеток | Чистач за јазик |
1. Затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода.
2. Продолжетокот и млазот насочете ги под агол од 90° кон забите и непцата. 3. Движете се по гингивалната линија. 4. Кога ќе завршите исклучете го уредот и испразнете го резервоарот со вода. | 1. Нанесете паста за заби на влакната.
2. Ставете го продолжетокот во уста. 3. Вклучете го копчето и исчеткајте ги забите како и вообичаено. На крај исклучете го уредот. | ВНИМАНИЕ: овој продолжеток се препорачува да се употребува само под низок притисок на млазот вода. 1. Ставете го врвот на продолжетокот до забот и нежно вметнете го под непцето или во џебот. 2. Чистете нежно следејќи ја линијата непцето и нежно внесувајте го помеѓу забите. 3. Повторете ја постапката во сите делови без исклучок. | 1. Затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода.
2. Ставете го врвот на продолжетокот на задниот дел од јазикот и нежно влечете кон врвот на јазикот 3. Повторете ја постапката неколку пати додека целосно не го исчистите јазикот. |
- 4 продолжетоци: класичен продолжеток, субгингивален продолжеток, продолжеток во форма на четка, чистач за јазик
- резервоар за вода со капацитет од 600 ml
- упатство за употреба