CURAPROX Perio plus balance течност за испирање на уста содржи 0,05% хлорхексидин (CHX) и Citrox®. Хлорхексидинот ефикасно го спречува создавањето на забните наслаги, додека Citrox® докажано го зголемува ефектот на хлорхексидинот, со пријатен вкус и не влијае врз сетилото за вкус.
Citrox® е природен екстракт од девет природни биофлавоноиди од горчлив портокал. Биофлавоноидите имаат широк и моќен антибактериски ефект. Потполно е природен и нема несакани ефекти. Citrox® во комбинација со хлорхексидин има поголема ефикасност отколку хлорхексидинот поединечно.
CURAPROX Perio plus balance течност за испирање на уста не содржи алкохол и не ја суши оралната слузокожа. Погодна е за долготрајна употреба (до 6 месеци).
Ефикасна е кај лица со зголемен ризик од заболувања на забите и непцата. Идеална е за употреба кај лица со фиксни ортодонтски апарати и кај лица со сува уста.
Во продажба се достапни следниве CURAPROX Perio plus течности за уста:
- Perio plus regenerate,
- Perio plus protect и
- Perio plus forte.
Производител: Curaden International AG,Швајцарија
- за ДОЛГОТРАЈНА употреба (до 6 месеци)
- ефикасен за пациенти со зголемен ризик од болести на забите и непцата, како што се кариес, гингивитис и пародонтитис, како и кај пациенти софиксни ортодонтски апарати. Помага и кај пациенти со сува уста.
- 1 пакување раствор за плакнење уста од 200мл.