Curaprox сет: Black is White

Црна паста за заби со активен јаглен- за белење на заби

1.600,00 ден
17008
На залиха
+

Паста за заби CURAPROX Black is White
Црна паста за заби за белење Black is White ги отстранува пребојувањата на забите и - содржи активен јаглен кој ги абсорбира честичките кои предизвикуваат пребојување на забите и нежно ги отстранува, притоа не оштетувајќи го емајлот на забот. Структурата нанохидроксилапатит е слична на структурата на емајлот на забот, со тоа присуството на нанохидроклсилапатитот овозможува да се создаде заштитен слој на забите дополнително заштитувајки го емајлот на забот.

Во пастата за заби Black is White се додадени три ензими (лактопероксидаза, глукооксидаза, и амилоглукозидаза), кои ја подобруваат антибактериската и антивирусната функција на плунката. Помагаат и во отстранувањето на чувството на сува уста. Заедно со 950 ppm натриум флуорид ги штитат забите од оштетување и со тоа овозможуваат двојна заштита од кариес.

Активната состојка Prestige Sparkling Blue® на забите формира транспарентен слој кој го намалува жолтото пребојување на забите и на тој начин ја одржува белината на забите без употреба на хемиски средства.

Црната паста за заби Black is White e со освежителен вкус, со етерични масла, лимета и ментол. Погодна е за секојдневна употреба и за сите лица постари од 6 години.

Не содржи штетни состојки како: SLS (содиумлаурилсулфат - средство за пенење кое го има во средствата за чистење, шампоните, геловите за туширање,..), триклосан, како и пластични честички. Со употребата на пасти за заби без овие состојки се намалува штетното влијание врз оралната слузокожа а со тоа и можноста за појава на афти.

Четка за заби CURAPROX CS 5100
Четка за заби CURAPROX CS 5100 содржи 5100 ултра фини CUREN® влакна со дијаметар од 0,1 mm, кои достигнуваат и до најтешко достапните места. Малата и компактна глава со осумаголната дршка најефикасно помагаат во отстранувањето на забните наслаги од сите забни површини, како и во просторот помеѓу работ на непцето и забот.

Производител: Curaden AG, Швајцарија

Sodrzina

-0