Пастата за заби CURAPROX Enzycal 950 не содржи агресивно средство кое создава пена, содиум лаурил сулфат (ЅLS), кое се наоѓа во повеќето пасти за заби. Затоа при употреба на оваа паста за заби оралната слузокожа е заштитена од иритации и дразби кои можат да доведат до појава на афти.
Пастата за заби Enzycal содржи три ензими, кои ја поттикнуваат природната заштитна функиција на плунката: лактопероксидаза, глукооксидаза, амилоглукозидаза. Овие ензими веќе се присутни во плунката и ја зајакнуваат антибактериската и реминерализирачката функција на плунката - го намалуваат развојот на бактериите и ја зајакнуваат природната рамнотежа на бактерискта флора во усната празнина. Го спречува и чувството на сувост во устата.
Пастата е со благ вкус, благодарение на малата количина на масло од нане. Може да ја користат деца над 6. годишна возраст, што ја прави соодветна за целото семејство.
Пастата за заби CURAPROX Enzycal 950 содржи 950 ppm натриум флуорид за заштита од кариес.
Предности на пастата за заби CURAPROX Enzycal 950:
- не содржи средство кое пени ЅLS (го намалува ризикот од појава на афти)
- ензимите овозможуваат дополнителна заштита од кариес
- ниско абразивна паста за заби, нежна спрема емајлот
- со мало количество на ментол
Во продажба се и пастите за заби CURAPROX Enzycal:
- Enzycal 1450
- Enzycal ZERO
Производител: Curaden International AG, Швајцарија
- За секојдневна употреба
-0