Curaprox PCA 223 Plaquefinder таблетите ги откриваат местата на забите кои не се доволно исчистени и за кои е потребна дополнителна нега. Таблетите треба да се џвакаат околу 30 секунди. После тоа треба да се исплука вишокот.
Новите забни наслаги ќе се обојат во црвена боја, а постарите ќе се обојат сино.
Curaprox Plaquefinder таблетите не содржат еритрозин (E127).
Производител: Curaden International AG, Швајцарија
-1 таблетка се џвака околу 30 секунди. Се поминува со јазикот по забите и се плакне со вода.
- Ако забите се добро исчеткани нема пребојување
- Неисчетканите наслаги до 12 часа се бојат црвено, а постарите од 24 часа сино.
- 12 таблетки во пакување