Curaprox Black is White Hydrosonic електрична четка за заби

Совршено искуство, иновативен дизајн и совршена елеганција:

  • три начини на четкање: Start, Clean и Smile
  • 2 x продолжеток Black is White Carbon
  • футрола и полнач

9.900,00 ден
25010
На залиха
+

Електрична четка за заби CURAPROX Black is White Hydrosonic го отстранува биофилмот и пигментациите на забите со до 42.000 движења во минута, но е исклучително нежна за забите и непцата. Хидродинамичен ефект не чистат само влакненцата туку и мешавината на плунка, вода и паста за заби во устата при четкањето. Тоа е можно поради посебната структура и поставеност на влакната CUREN® и нивната јачина и брзина на движење. Поради своето хидродинамичко дејство, соничната четка за заби Hydrosonic Black is White ги чисти забите и непцата исклучително прецизно. Исто така, го чисти работ помеѓу забите и непцата и до одреден степен просторот помеѓу забите.

Три начини на четкање:

  • Start (масажа со 22.000 движења во минута)
  • Clean (чистење со 32.000 движења во минута)
  • Smile (нежно чистење со 42.000 движења во минута)

Тајмер:

  • 30-секунден тајмер со кратка пауза на секои 30 сек. го означува времето за чистење на секоја четвртина од Вашето забало
  • по две минути има подолг прекин во работењето
  • по четири минути четката автоматски се исклучува

Продолжеток:
Продолжетокот CURAPROX Hydrosonic Black is White Carbon има мала глава што Ви овозможува лесно да стигнете и да ги исчистите дури и до тешко достапните места во устата, благодарение на закривеноста CURACURVE® на продолжетокот. За оптимално чистење влакната се распоредени во облик на капка. Полиестерските CUREN® влакна се исклучително меки и придонесуваат за хидродинамичкото делување. За полесна употреба задната страна е гумирана. Главата на четката е дизајнирана од prof. Ulrich P. Saxer. За оптимално чистење, се препорачува продолжетоците да се менуваат на секои три месеци.

Четката CURAPROX Black is White Hydrosonic е компатибилна со сите продолжетоци од CURAPROX електричните четки за заби.

Полнење:
Литиумската батерија во дршката на четката CURAPROX Hydrosonic Black is White можете да ја полните со USB приклучок и USB кабел за полнење со оргинален полнач или на USB-порт.

Гаранција на електричната четка за заби CURAPROX Hydrosonic Black is White: 2 години

Производител: Curaden AG, Швајцарија

-

  • 1 дршка CURAPROX Black is White Hydrosonic
  • 2 продолжетоци CURAPROX Hydrosonic BIW Carbon
  • 1 упатство за употреба
  • 1 патна торба
  • 1 USB кабел за полнење
  • 1 USB приклучок