CURAPROX Baby ортодонтска цуцла, големина 0

... и нема повеќе солзи - Curaprox baby цуцли лажливки за здрав развој на бебешките заби и вилици.

740,00 ден
29002
На залиха
+
  • View all variations as list

За добар почеток

Биофункционална цуцла наменета за сите возрасти. Паметна алтернатива за вообичаените цуцли – и непосакуваното цицање на палецот - бидејќи Вашите малечки го заслужуваат само најдоброто.

Благодарение на биофункционалниот дизајн, го поддржува природниот развој на устата, забите и вилиците на децата и поттикнува правилно дишење преку нос.

- Рамниот силиконски облик на цуцлата не прави притисок на непцето, што овозможува природен развој и облик на непцето. Цуцлата спречува развој на отворен загриз и неправилен раст на забите овозможува правилно дишење и мирен сон.
- Страничните крилца на рамниот дел од цуцлата го насочуваат притисокот при цицање на вилицата, а не на непцето што овозможува забниот лак да има соодветно заоблен облик.
- Флексибилниот силиконски штит на цуцлата со малите испакнувања му овозможува на бебето чувство слично на доењето и го поттикнува природниот процес на голтање.
Кутија за складирање: кутијата е погодна за транспорт и стерилизација во микробранова печка.

Цуцлата е изработена од силикон. Не содржи bisfenol A (БПА), фталати и AZO-бои.

Производот е тестиран во согласност со европските стандарди EN 1400.

  • Пред прва употреба цуцлата извријте ја – приближно 5 минути. Оставете да се олади, а остатокот од вода отстранете го.
  • Пред секоја понатамошна употреба на цуцлата проверете ја, посебно ако бебето има заби. Цуцлата повлечете ја во сите правци. При најмало оштетување на цуцлата обавезно заменете ја со нова.
  • Од безбедносни причини се препорачува цуцлата да се менува на секој 1-2месеци.
  • Чувајте ја цуцлата во приложената кутија или во сува кутија со капак.

Инструкции за чистење на кутиите за цуцлата во микробранова печка:
Цуцлата и кутијата исчистете ја со благ детергент и измијте ја под силен млаз на вода. Проверете ја чистотата на сите компоненти (цуцла, кутија, микробранова печка) бидејќи остатоците од храна и маснотии можат да го попречат процесот на стерилизација.

Упатство за стерилизација:

Кутијата наполнете ја (25 ml) со вода, во нејзе ставете ја цуцлата, затворете го капакот и поставете ја во микробрановата печка. Стерилизирајте 3 минути на 1000 W.

  • 1 цуцла CURAPROX Baby
  • 1 кутија за складирање dude