Главата на четката за заби Edel+White Pro-Gums е 1,5 пати поширока од обичните четки и за време на четкањето лесно и во еден чекор чисти поголема површина на забите и непцата. Нежните влакна темелно ја чистат површинита на забите и непцата, а благодарение на тенките заоблени врвови достигнуваат и во интерденталните простори. Со широка, прилагодлива рачка која за
време на четкањето го растеретува зглобот и го ублажува притисокот - за удобно, нежно чистење на забите и непцата.
Се препорачува за осетливи и воспалени непца и при други пародонтални заболувања.
Кој не сака здрави заби и непца? Здравјето на непцата е од особена важност за цврста поддршка на забите. Без здрави непца, забите немаат поддршка. Ако грижата за непцата е занемарена, може да доведе до пародонтална болест. Ова може да се одбегне со редовна нега на забите и непцата двапати дневно. Важно е да четкате со меки четки и без притисок. Во спротивно ќе дојде до оштетување на забите и рецесија на гингивата.
Pro-Gums е одлична четка за заби која помага во одржувањето на здрави непца и заби. Многу меките и тенки влакна темелно ги чистат сите површини. Прилагодливата рачка за време на четкањето го абсорбира прекумерниот притисок.
Производител: Scanderra, Швајцарија
Употреба: 2 x на ден нежно се четкаат забите. Прилагодливата дршка го апсорбира вишокот на притисок. |
- 1 четка за заби Edel+White Pro-Gums со капаче