Четката за заби CURAPROX CS 1560 "soft" соодветна е за лицата кои се навикнати на тврди четки за заби. CS 1560 "soft" е идеална за постепено преминување кон нежното четкање со CURAPROX CS 3960 i CS 5460 четките.
Влакната за време на четкањето го задржуваат својот облик и цврстина, а благодарение на малата и компактна глава овозможува лесен пристап до тешко достапните места во устата. Четката за заби има осумаголна дршка која овозможува лесно држење и поставување на влакната под агол од 45 степени при четкањето.
Содржи 1560 меки CUREN® влакна со дијаметар од 0,15 mm.
Производител: Curaden International AG, Швајцарија
- Четката ја поставуваме така што половина од влакната ќе ги покриваат непцата, а другата половина забите. Влакната ги насочуваме кон непцето. Чистиме со мали кружни движења без притисок.
- Со мали кружни движења и влакна насочени кон непцето полека се
движиме кон бочните заби. - Предноста на широката глава на четката доаѓа до израз при чистење на
дисталните површини на катниците. - Ако ја поставиме четката вертикално лесно ќе ги исчистиме тешко достапните места.
- Кај долните заби насочете ја главата на четката кон непцата и продолжете
со кружни движења без притисок. - Со добро обликуваната глава на четката, лесно ќе ги исчистиме тесните површини на долните заби.
• 1 CURAPROX CS 1560 soft четка за заби