Абразија
Губитокот на забна супстанца која се јавува поради постојано триење и неконтролирано стискање на забите, но може да биде последица и на неправилна техника на четкање.
Амалгам
До неодамна бил најчест материјал кој се користел за пломбирање на забите. Легурата содржи жива и сребро. Денес за пломбирање се користат повеќе композитни материјали или порцелан за инлеи.
Анестезија
Медикаменти и постапки за ублажување на болката.
Антериорно
Опис на страна која се користи за централните и латералните инцизиви и канините (предните заби).
Абцес
Локално ограничена инфекција во коската или меките ткива во устата, обично на врвот на коренот на забот(апекс). По потреба се лечи со антибиотици или со ендодонтски третман.
Аспиратор
Цевка со која се вшмукува плунката од усната празнина (сисалка).
Бондирање
Нанесување на композитна смола на површината на забот која ќе го врзе композитното полнење за да се надополни изгубената забна супстанца. Се користи кога постои доволно забна супстанца, во спротивно се користат алтернативни решенија како керамички фасети или коронки.
Бруксизам
Неконтролирано шкрипење со забите при спиење. Предизвикува главоболка, болка во виличниот зглоб, губење на забната супстанца и пукнатини во истата. Терапијата е изработка на заштитна гума по претходно земен отпечаток од забите од страна на стоматолог.
Емајл
Минерализирана супстанца која ја обвиткува коронката на забот. Најтврдата супстанца во човековиот организам.
Чистење и полирање на заби
Професионално чистење на забите со кое се отстранува забниот камен од површината на забите и под работ на непцето. Постапката ја изведува стоматолог или пародонтолог постепено чистејќи по квадранти.
Дигитална радиографија
Компјутерско снимање на забите и зачувување на сликите, наместо традиционалното снимање на забите со рентген филм.
Дијагноза
Процес на собирање податоци за утврдување на заболувањето кај пациентите.
Дијастема
Простор помеѓу забите, најчесто помеѓу горните централни инцизиви.
Дисфункција TMZ
Дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб – потешкотии поврзани со темпоромандибуларниот зглоб (ТМЗ), кој ја поврзува долната вилица со черепот. Обично е пропратена со болки во зглобот при отварање на устата.
Парцијална протеза
Мобилна протетска надокнада која ги надоместува делумно изгубените заби во горната и долната вилица. Се разликува од тоталната протеза која па ги надоместува сите заби во устата. Се наслонува на природните заби. Алтернативно решение за неа е имплантот.
Екстракција
Отстранување на заб кој е уништен, скршен или нема доволно простор за него.
Ендодонт
Специјалист за болести и инфекција на забната пулпа (нервното ткиво).
Ерупција
Процес на растење на нов заб, кога минува низ непцето и постанува видлив во устата.
Флуорид
Компонента која во различни облици се додава во водата, гелови, течности за испирање на уста, пастите за заби како би ја зацврстил забната супстанца и би овозможил дополнителна заштита од кариес.
Френулотомија
Прекратка плика помеѓу предните централни инцизиви и горната уста која треба да се пресече како би се спречиле препреките кои се јавуваат поради неа.
Гингивитис
Воспаление на непцата предизвикано од неправилна и недоволна орална хигиена. Прв знак за пародонтална болест.
Халитоза
Стручно име за непријатен здив.
Хигиеничар
Стоматолошки специјалист за отстранување на забниот камен, чистење на забите. Тој ги едуцира пациентите за правилна орална хигиена.
Имплант
Надоместок кој го имитира и надокнадува забниот корен, изработен е од биокомпатибилен материјал (титаниум).
Импактирани заби
Заб кој не е целосно изникнат, туку делумно или целосно е заглавен во виличната коска или меките ткива. Најчесто импактирани заби се умниците. Ако не се отстранат може да предизвикаат болка, главоболка, инфекција или неправилен загриз.
"Инлеј"
Од земениот отпечаток на забите се изработува надокнада од керамика или злато и се цементира во препарираниот заб, служи за надополнување на поголемо количество на забна супстанца. Посилна и поцврста алтернатива од амалгамските или композитните полнења.
Интердентално
Помеѓу забите.
Пломба
Надоместување на изгубената забна супстанца со амалгамско, керамичко или композитно полнење. Се користи најчесто по отстранување на кариес.
Избелување/whitening
Процесот на избелување на забите е со посебни гелови кои содржат водороден пероксид со дополнителна употреба на ласер. Средствата за избелување кои може да се купат без рецепта не се толку ефикасни како оние кои ги користи стоматологот.
Кариес
Стручно име за расипан заб.
Кавитет
Отвор во забот кој настанува поради негово расипување кое е последица на прекумерната конзумација на шеќери, кои на бактериите им овозможуваат создавање на киселина која го разорува емајлот на забот.
Киретажа
Третман за лечење на воспаление на непцата, кое вклучува отстранување на тврдите и меките забни наслаги од површината на забите и под непцата. Подразбира стругање и полирање на корените на забите, а зафатот го изведува стоматолог или пародонтолог.
Хлорхексидин
Антисептик кој со години се употребува во стоматологијата како најефикасно средство за спречување на создавање на дентален плак.
Композитни полнења
Полнење во боја на забот од композитна смола. Се користи наместо неестетскиот амалгам. Алтернативно решение се златни или порцелански инлеи.
Коренски канал
Канал кој поминува низ внатрешноста на коренот на забот и содржи крвни и нервни садови.
Коронка
Изработена е од керамички материјал и како навлака околу коронката на забот го надоместува губитокот на забната супстанца.
Ксеростомиа
Сува уста.
Катници
Последните три заби во горната и долната вилица, кои служат за дробење на храната.
Квадрант
Половина од забната низа во горна или долна вилица.
Лечење на забите
Постапка при која се отстранува бактериската инфекција од коренскиот канал, и потоа се полни со дефинитивнио полнење. Постапката обично ја изведува ендодонт.
Лингвална страна на забите
Страната на забите која е свртена спрема јазикот.
Фасети/veneers
Керамички лушпи кои се лепат на предната површина на забот како би се подобрил неговиот изглед и облик.
Локална анестезија
Изгубено чувство на болка во определена регија во која е примена анестезија, во форма на гел, спреј или инекција.
Млечни заби
Првите дваесет заби кои никнуваат кај децата. После шестата година на нивно место никнуваат трајните заби.
Мост
Протетски вметнат заб или повеќе заби помеѓу природните заби кои се носачи. Со мостот го надоместуваме губитокот на заби. Алтернатива за мост се импланти.
Носачи
Природните заби на кои лежи фиксниот мостот.
Канин
Трет заб сметано од средината на вилицата. Вкупно имаме 4 канини.
"Онлеј"
Порцелански "оnlay" Кој го надоместува изгубениот дел од коронката на забот.
Орална хирургија
Специјалност во стоматологијата која се занимава со хируршки зафати во усната празнина како што е екстракција и друго.
Ортодонција
Специјалност во стоматологијата која се занимава со лечење на неправилна поставеност на забите во забниот низ и неправилниот загриз. При таа терапија се користат мобилни и фиксни ортодонтски апарати.
Ортодонт
Специјалист за лечење на неправилниот распоред на забите во забниот низ и неправилниот загриз.
Отворен загриз
Состојба во усната празнина при која предните заби во горната и долната вилица не се во контакт, односно помеѓу нив има простор.
Пародонтална болест/пародонтитис
Напредно воспаление на непцата и другите пародонтални ткива, кое како последица има губење на потпорното ткиво на забот а потоа и губиток на забите.
Залевање на фисури
Постапка при која се нанесува смоласт материјал на фисурите на забот како би се спречила појавата на кариес. Се изведува кај деца кои се склони кон развој на кариес.
Педодонција
Детска стоматологија, специјализирана за лекување на детските заби.
Дентален плак
Леплива наслага на површината на забите која овозможува размножување на бактериите и создавање на киселини кои би предизвикале кариес. Плакот ги иритира и непцата и предизвикува нивно воспалување. Се третира со редовно негово отстранување или профилакса кај стоматолог.
Премедикација
Лек кој се зема пред некој зафат. Обично се работи за земање на антибиотик кај ризични пациенти пред инвазивна стоматолошка интервенција како би се спречило дополнителна инфекција или земање на седативи како би се спречил стресот и стравот од стоматолог.
Профилакса
Професионално чистење и отстранување на плакот, пигментациите од забите и забниот камен. Идеално е да се изведува два пати годишно.
Прогенија
Неправилен загриз при кој долните заби се наоѓаат пред горните (нормално е горните заби да ги преклопуваат долните заби).
Протетика
Специјалност на стоматологијата која вклучува дијагноза, план на терапија и изработка на протетски надоместоци. Најчесто тоа е изработка на коронки, мостови, протези и импланти.
Ресекција на корените
Отстранување на забниот корен, без отстранување на коронката на забот.
Стерилизација
Процес на уништување на бактериите и вирусите од инструменти и опрема.
Стоматологија
Гранка на стоматологијата која се занимава со дијагностика, превенција и терапија на забите, оралните ткива и структура.
Штитник за заби
Се користи кај спортисти за заштита на забите од удари и повреди. Најправилно е да го изработи стоматолог.
Топлинска стерилизација
Постапка на уништување на микроорганизмите под висока температура. Се користи за стоматолошки инструменти и опрема.
Трајни заби
Забите кај возрасните. Првите трајни заби никнуваат околу 6 та година. Ги има вкупно 32.
Шина
Помагало изработено од акрилат кој го намалува негативниот ефект од шкрипењето на забите(бруксизам) или дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб. Обично се носи преку ноќ. Се изработува во заботехничка лабараторија на основа на земен отпечаток од забите на пациентот.
Ултразвучно чистење
Чистење на забите при кое стоматологот користи високофреквентни звучни бранови, кои го отстрануваат забниот камен и пигментациите (дамките) на забите.
Умници
Третите катници кои никнуваат последни. Кај некои луѓе не никнуваат целосно па затоа треба да се отстранат.
Загриз
Состојба при кој забите се допираат при затворање устата.
Забна протеза
Мобилна протеза која ги надополнува изгубените заби. Може да биде парцијална при што надоместува неколку изгубени заби или тотална протеза која ги надополнува сите заби. Протезата ја изработува протетичар. Алтернатива за забните протези се имплантите.
Забна пулпа
Крвни и нервни садови кои се наоѓаат во внатрешноста на секој заб.
Забен камен
Калцифициран дентален плак кој настанува од минералните соли во плунката и се таложи на забите. Се отстранува со професионално чистење кај стоматолог. Забниот камен предизвикува воспаление на непцата.
Забен корен
Делот од забот кој се наоѓа во коската на вилицата и во нејзе е прицврстен со потпорни сврзни структури.