Интердентален сет CURAPROX CPS 459 "џебен сет" сместен е во практична мала кутија соодветна за домашна употреба или при патување. Содржи ергономски обликуван држач CURAPROX UHS 457 "клик затворач" и пет големини на интердентални четкички CURAPROX CPS "prime" (06, 07, 08, 09 i 011).
CURAPROX CPS "prime" интерденталните четкички се ефективни, нежни и целосно го исполнуваат интерденталниот простор, без ризик од повреда. Соодветни се и за чистење и на најмалите интердентални простори.Со нивна редовна употреба може да се спречи појавата на кариес во интерденталните простори, воспаление на непцата а подоцна и пародонтит (расклатување на забите).
Имаат едноставен начин на употреба: интерденталната четкичка внесете ја и извадете ја од секој интердентален простор еднаш на ден.
Благодарение извонредно тенката и издржлива хируршка жица CURAL® доволно е само еднаш да се помине низ секој интердентален простор со интерденталнта четкичка.
Производител: Curaden International