Импланти, мостови, коронки, ламинати

Грижата за протетските надоместоци во устата е од особена важност за нивна долготрајност и за здравјето на оралните ткива кои ги опкружуваат. Гингивата и коскеното ткиво околу имплантот се помалку отпорни на денталниот плак за разлика од оралните ткива околу природните заби, па затоа и правилната орална хигиена на истите е од особена важност. Научете како да ја одржувате оралната хигиена и тогаш кога ги немате сите заби во усната празнина.