Curaden AG е
швајцарска компанија, пионир во развојот на производи за зачувување на оралното
здравје и индивидуална дентална профилакса. Брендот CURAPROX во соработка со
стоматолошките професионалци, создава производи кои имаат една единствена цел:
доживотна грижа за здравјето на забите и непцата.
Нашата долгогодишна
соработка со швајцарските дентални професионалци создаде богат фонд на знаење
за техниката на четкање на забите и правилното одржување на оралната хигиена-
како и создаде производи кои се прифатливи, ефикасни и атрауматски за оралните
ткива. Асортиманот на CURAPROX опфаќа се што е потребно за доживотно зачувување
на оралното здравје, четки за заби за возрасни и деца, интердентални четкички,
четки за соло техника, забни конци, цуцли лажалки и глодалки, и средства за
дополнителна орална хигиена.
Седиштето на Curaden
AG е во Криенс во близина на Луцерн. Сите производи на CURAPROX се осмислении и
развиени во Швајцарија уште од 1972 година.